Екипата на Куманово донесе нов странски ракометар во своите редови. Станува збор за поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Србија, Огњен Радојичиќ, кој настапува на позицијата лев бек.
Tој во пролетниот дел од сезоната 2023/24 го носеше дресот на Куманово, а потоа се пресели во шпанскиот Касерио.
„Искрено не се двоумев откако повторно се јавија од Куманово и без размислување се вратив во екипата каде пред две години поминав еден убав период од мојата кариера“, изјави Радојичиќ.
Радојичиќ во својата интернационална кариера има играно во Грција, Австрија и БиХ, додека во српскиот шампионат беше дел од Шамот и Црвена Ѕвезда.