Куманово се засили со младински репрезентативец на Македонија

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Мартин Иванов, е нов член на суперлигашот Куманово.

Велешкиот ракометар игра на позиција десно крило и е роден 2006 година, а во кумановскиот суперлигаш доаѓа од тимот на Борец ФЛ.

„За мене како млад ракометар е ново поглавје во мојата спортска кариера. Се надевам дека укажаната шанса ќе ја искористам максимално и ќе се обидам на тимот да му помогнам наредната сезона да избори место во првите шест екипи“, изјави Иванов.

Тој ќе му се стави на располагање на новиот стратег на Куманово, Аце Станковски, кој од ова лето го презема клубот.

Претходно во Куманово дојдоа Тоше Ончев, Александар Стојков, Виктор Трифуноски…