Куманово се засили на голманската позиција

Раководството на Куманово работи на формирањето на играчкиот кадар за претстојната сезона во Женската лига.

Голманката Ана Марија Горговска е нова ракометарка и следната сезона ќе биде дел од тимот на Славиша Димитријески. Таа ќе формира дуо со Јасна Трајковиќ.

Претходно Куманово ги обнови договорите со Мила Мемов, Ангела Шехтанска, Росана Павлова, Нена Нестороска и Никита Антевска, а се засили со средниот бек Маријана Азеведо и десниот бек Аманда Стеин.

Кумановци останаа без Ана Михајловска која се пресели во Вардар и без Марија Јовановска која го засили шампионот Ѓорче Петров.