Тимот на Куманово го формира играчкиот ростер за следната натпреварувачка сезона во која ќе влезе со поголеми амбиции.
По крајот на сезоната во која опстанокот беше обезбеден со второто место во суперлигашкиот плеј-аут, раководството на Куманово се раздели со двајца од странците, Милош Благојевиќ и Михајло Стевовиќ.
Од Куманово замина и кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, како и најдобриот стрелец Наум Костов, а преговорите за продолжување на соработката со Алекса Радичевиќ и Огњен Радојичиќ се уште се во тек.
Претходно Куманово го договори младиот пивот Цековски, доаѓа младинскиот репрезентативец Давид Димевски, како и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.
За Куманово потпиша и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжија кружниот напаѓач Дарио Симоноски и искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.