Куманово се понадева дека ќе парира, па загуби двоцифрено од Еурофарм Пелистер

Куманово лани магично остана во Супер лигата, трошејќи доста пари во пролетниот дел за засилувања, но и сезонава нема да може да избега од место во плејаутот и пак да се бори за опстанок. Се понадеваа домаќините дека може да му парираат на шампионот Еурофарм Пелистер, но на крајот очекувано и заслужено бодовите заминаа за Битола, по триумфот 35-23 (17-12), а разликата беше двоцифрена.

Во првиот дел Куманово само поведе со 2-0, па потоа цело време „бркаше негатива“ и се обидуваше да му се приближи на Еурофарм Пелистер, Разликата од 4-5 гола беше намалена на 10-12. По тајмаутот на битолчани направија разлика до 5-2 и заминаа со предност од 17-12 на одмор.

Како што почна вториот дел така и гостите го засилија темпото, па брзо стигнаа до предност од 23-13. Победникот веќе беше решен, па остануваше само да се види дали кумановци ќе успеат да намалат под десетте гола, а Еурофарм Пелистер сакаше да ја задржи таа предност.

Капитенот на гостите Филип Кузмановски успешно погоди дури 10 пати. и беше најпрецизен во својот тим.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ОХРИД660012
2АЛКАЛОИД550010
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР650110
4ВАРДАР 1961650110
5ПРИЛЕП52125
6БУТЕЛ52034
7КУМАНОВО62044
8ПРОЛЕТ61234
9ТИКВЕШ 201451133
10СТРУГА51042
11БИСИНОВ Ф. Л.61052
12РАДОВИШ50050