Куманово прекомандува 12 младинци во првиот тим

Тимот на Куманово минатите неколку сезони имаше одлични резултати во сите младински категории.

Потврда за квалитетот на кумановската ракометна школа е тоа што 12 ракометари ќе бидат приклучени на тренинзите на првиот тим што ќе биде предводен од Аце Станковски.

Во првиот тим на Куманово се приклучуваат: Тино Стојановски 2007 година, Јован Насевски 2007 година, Андреј Петровски 2007 година, Стефан Лазаревски 2007 година, Андреј Арсовски 2008 година, Христијан Вуичевски 2008 година, Михаил Петрушевски 2008 година, Дарио Антевски 2008 година, Драган Петрушевски 2008 година, Предраг Митрички 2008 година, Ангел Арсовски 2008 година и Владимир Мицевски 2009 година.

„Веруваме во нив и како клуб им посакуваме успешна сезона и се надеваме дека со нивната работа и тренинг во иднина ќе имаат богати ракометни кариери“, напишаа од Куманово на социјалните мрежи.

Кумановци го промовираа новиот стратег Аце Станковски, се засилија со Тоше Ончев, Виктор Трифуноски и Александар Стојков, а ги продолжија договорите со Давид Димевски, Григор Трајковски, Гиљерме Фернандес, Лука Матачиќ и Христијан Крстаноски.