Куманово победнички ја заокружи сезоната

Тимот на Куманово победнички ја заврши сезоната во Женската лига, откако славеше на гости кај Астибо во Штип со 41-30.

Предводнички во составот на Славиша Димитријески беа Росана Павлова со десет гола и Сузана Зечевиќ, која стрелаше седум пати.

Во составот на Астибо, стандардно се истакнаа Марија Анчева со 12 погодоци и Елена Вучевска со осум гола.

Ова беше последен натпревар оваа сезона за двете екипи. Куманово заврши на четвртото место, додека Астибо иако последен без бодови, сепак испиша клупска историја со пласманот во плеј-офот.