Куманово останува на патот што води кон Супер лигата

Екипата на Куманово останува лидер во плејаутот, откако го победи Голден Арт во меч од 11. коло, со 25-24, па кумановци сигурно ќе бидат во Топ-3 екипите што ќе бидат во игра за влез во Супер лигата. Единствено непознато е дали директно ќе влезат, или ќе мора да играат бараж.

Голден Арт имаше шанса да им направи „изненадување“на домаќините бидејќи н атри минути до крај, израмнија на 23-23. Иако Куманово потоа пак поведе со 25-23, во последниот напад на Куманово, направија пробивање при езултат 25-24, и Голден Арт доби шанса да израмни. Имаа 17 секунди за напад, но не успеаја да направат акција за гол. Последниот шут од девет метри заврши крај голот.

За кумановци ова е голема триумф, а Голден Арт пак покажа дека игра променливо, но дека може си сите екипи да игра. Има негатива од 12-17 на полувреме, и покрај тоа се вратија во игра правејќи го мечот неизвесен до крај.

Кај домашните девет гол апостигна Наум Костов (пет од пенал), а седум даде Оген Радојиќиќ. Во тимот на Голден Арт, најпрецизен беше Христијан Милошески со 6 гола, а еден помалку даде Дејан Гошевски.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142