Тимот на Куманово во продолжение од сезоната во Супер женската лига ќе мора да бара нов предводник.
Славиша Димитријески кој долго време го водеше овој клуб ќе има нов предизвик во кариерата и ќе се пресели во шампионот Ѓорче Петров.
Тој ќе биде дел од стручниот штаб на Александар Царчев, а ќе ги води и пионерките на Ѓорче Петров.
Покрај клупската тренерска кариера, Димитријески е селектор и на женската пионерска репрезентација.
Со тимот на Куманово го освои трофејот во Купот на Македонија во 2023 година.
























