Тимот на Куманово продолжува со градењето на играчкиот ростер за претстојната сезона во која влегува со зголемени амбиции.
Ново име во составот на стратегот Аце Станковски е левиот бек Тоше Ончев, кој доаѓа од шпанскиот Новас.
Покрај новиот тренер, Куманово претходно го договори левиот бек Виктор Трифуноски од Борец ФЛ, а нов договор беше потпишан со Христијан Крстаноски.
Договорена е нова соработка со средниот бек од Хрватска, Лука Матачиќ, па Куманово ќе има добар тим со кој ќе може да атакува на плеј-офот.
Ончев последната сезона ја мина во Борец ФЛ и шпанскиот Новас, а потекнува од Вардар. Играше за Работнички, Голден Арт и Охрид на домашната сцена, а во странство беше дел од грчкиот Фаикас Корфу, францускиот Вернуј, словенечкиот Тримо Требње…