Куманово мисли на иднината – петмина младинци потпишаа професионални договори

Покрај активната работа околу играчкиот кадар во сениорската екипа, раководството на Куманово мисли и на иднината и на младинските селекции.

Потпишани беа договори со 17-годишните Тино Стојановски, Јован Насевски, Наум Богдановски, Сергеј Крстевски и 16-годишниот Христијан Вуичевски, кои минатата сезона пружија одлични партии во младинските лиги под водство на тренерите Аце Станковски и Христијан Димковски.

Дел од нив беа во составот на некои натпревари и на сениорската екипа, а клубот со нив има долгорочни планови.

Куманово ги договори левиот бек од младинскиот погон на Еурофарм Пелистер, Благој Христовски, потоа  младиот пивот Цековски, доаѓа младинскиот репрезентативец Давид Димевски, како и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.

За Куманово потпишаа Христијан Крстаноски и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжија кружниот напаѓач Дарио Симоноски и искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.

Претходно раководството на Куманово се раздели со двајца од странците, Милош Благојевиќ и Михајло Стевовиќ. Од Куманово замина и кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, како и најдобриот стрелец Наум Костов.