Старо-новиот шампион Ѓорче Петров е на добар пат да го заврши првенството без ниту еден загубен бод.
Избраничките на Симе Симовски славеа на гости кај Куманово со 31-20 во натпревар од 19 коло од плеј-офот во Женската лига.
Победникот беше најавен по првото полувреме кога „лавиците“ водеа со 18-10, а вториот дел беше само рутинско одработување на задачата.
Ивана Дежиќ со девет и Ана Вранчиќ со осум погодоци беа најдобри кај Ѓорче Петров, додека Сузана Зечевиќ имаше шест гола за Куманово.
Ѓорче Петров има 19 од 19 во плеј-офот, плус 8 од 8 во регуларниот дел, а последниот натпревар го игра против Металург Автокоманда на домашен терен.