Куманово ќе има трио голмани – се врати Симона Грујовска

Раководството на Куманово работи на формирањето на играчкиот кадар за претстојната сезона во Женската лига.

Една од најдобрите голманки во Женската лига, Симона Грујовска, се враќа во Куманово и следната сезона ќе биде дел од тимот на Славиша Димитријески. Таа ќе формира трио со Јасна Трајковиќ и новото засилување Ана Марија Горговска.

Претходно Куманово ги обнови договорите со Мила Мемов, Ангела Шехтанска, Росана Павлова, Нена Нестороска и Никита Антевска, а се засили со средниот бек Маријана Азеведо и десниот бек Аманда Стеин.

Кумановци останаа без Ана Михајловска која се пресели во Вардар и без Марија Јовановска која го засили шампионот Ѓорче Петров, a допрва ќе биде позната иднината на Сара Цветановска и Сузана Зечевиќ.