Ракометарките на Куманово ја запишаа втората победа во новата сезона од Женската лига, откако славеа на гостувањето кај Овче Поле Славјански Универзитет со 33-12.
Избраничките на Славиша Димитријески уште по првиот дел го решија прашањето околу победникот, кога поведоа со 15-6.
Во вториот дел натпреварот беше како многуте останати во Женската лига и немаше никакви дилеми кој освојува бодови, туку само се чекаше конечниот резултат.
Kaпитенот Сара Цветановска беше најдобар стрелец со десет гола во победничкиот тим, а Мила Трајковиќ даде седум. Во домашниот состав пет гола постигна Јована Ангеловска.