Раководството на Куманово работи на формирањето на играчкиот кадар за претстојната сезона во Женската лига.
Левото крило Мила Мемов се обврза на нова соработка за следната сезона и ќе биде дел од тимот на Славиша Димитријески.
Претходно Куманово ги обнови договорите со Ангела Шехтанска, Росана Павлова, Нена Нестороска и Никита Антевска, а се засили со средниот бек Маријана Азеведо и десниот бек Аманда Стеин.
Кумановци останаа без Ана Михајловска која се пресели во Вардар и без Марија Јовановска која го засили шампионот Ѓорче Петров.