Тимот на Куманово е последниот учесник во плеј-офот во машката младинска лига, откако на домашен терен го совлада Еурофарм Пелистер со 28-26 во натпревар од 18 коло од регуларниот дел.
На битолскиот тим му беше потребна победа за пласман на шестата позиција, додека на Куманово му одговараше и реми. Домашните предводени од расположениот Владимир Мицевски, кој постигна 12 погодоци, кумановци стигнаа до победа и го заверија местото меѓу најдобрите шест.
Во редовите на Еурофарм Пелистер се истакна Андреј Георгиев со 14 погодоци, но неговата одлична партија не беше доволна за пласман на тимот од Битола во ТОП 6.
Покрај Куманово, во младинскиот плеј-оф ќе настапат и екипите на Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје, Пролет, како и двете екипи од Автокоманда.
„Витамините“ ќе стартуваат со 34 бода, Еурофарм Пелистер 2 има 28, Пролет 26, Бутел Скопје има 23, „сино-белите“ од Автокоманда собраа досега 20, а Куманово 19 бодови.
























