Во периодот од 13 до 15 октомври во соседна Бугарија, поточно во Општина Гоце Делчев, се одржа меѓународниот турнир „Атанас Карабељов“ на кој учествуваа и три кадетски екипи од Македонија.
Тоа беа Партизан од Гевгелија, Астраион од Струмица и кадетскиот тим на Куманово, кој го освои првото место.
Кадетите на Партизан турнирот го завршија на четврто место, додека Астраион заврши на 6. позиција.
На финалниот ден се избираа и најдобрите играчи, па така во All-Star тимот имаше место за двајца ракометари од македонските екипи.
За најкорисен играч на турнирот, односно за МВП беше прогласен Тино Стојановски од шампионскиот тим на Куманово.
Ракометарот на Партизан, Васко Зајков, одигра одлично на турнирот и го освои признанието за најдобар стрелец.