Куманово има нов директор и го договори првото засилување

Екипата на Куманово направи сериозна промена во управата, и назначи нов директор што ќе има задача да го задржи тимот во Супер лигата. Нов директор на кумановци е Мишко Николовски кој досега беше ангажиран за младинските категории на клубот. Покрај него во управата се уште и Даниел Трајчевски и Давид Цветковски.

Целта на клубот е опстанок во Супер лигата, а поддршка во таа мисија добија и од Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово. Тој им ветил и финансиска поддршка, со цел клубот да опстане, но и да продолжи да работи со младите категории кои имаа добри резултати.

Првото засилување за тимот треба да биде Вучко Мрвовиќ кој и лани играше во Куманово, но потоа се повреди. Тој треба да им помогне во пролетниот дел да бидат меѓу клубовите што ќе обезбедат опстанок. Најавени се и други засилувања кои ќе пристигнат после Нова Година.

Тимот ќе пренесе само 1 бод во борбата за опстанок бидејќи е на 7 место во А групата. Позади Куманово е Скопје, но и двата тима во последното коло имаат тимот за ривали кои мораат да победат, Еурофарм Пелистер 2 и Охрид. Па веројатно е дека ваков расплет на табелата ќе биде и на крај од групната фаза.

И лани Куманово се спаси од испаѓање во пролетниот дел. Во регуларниот по групи беше последен, а потоа во плеј-аутот имаше седум победи и две ремија, завземајќи го четвртото место.