Куманово и со десет ракометарки убедлив против Скопје

Македонскиот вицепрвак Куманово запиша осма победа во десеттиот натпревар од Женската лига, откако славеше над Скопје со убедливи 31-20.

Иако тренерот Славиша Димитријески можеше да смета само на десет ракометарки, тоа не беше голем проблем за домашниот тим.

Куманово поведе со 8-1 на стартот на мечот и јасно стави до знаење дека трите бода остануваат дома. На пауза беше 13-7 за домашниот тим.

Избраничките на Андријана Будимир се трудеа во вториот дел да ја намалат негативата, но немаа сили за камбек.

Во финишот црвен картон заработи капитенот на Куманово, Сара Цветановска, по еден остар старт но тоа немаше влијание на исходот од мечот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ѓошевска со осум и Зечевиќ со седум гола, додека кај Скопје се истакнаа Равојска и Петровска со по четири погодоци.

Куманово сега се израмни со Металург Автокоманда со 24 бода на второто место, додека Скопје остана на 11 позиција со 7 бода.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080