Куманово и Македонија ги замени со Грција

Доскорешниот среден бек на Куманово, Лука Матачиќ, ќе има нов предизвик во кариерата во пролетниот дел од сезоната.

Откако раскина со македонскиот клуб, хрватскиот плејмејкер нема да оди далеку и ќе се пресели во јужниот сосед на Македонија.

Матачиќ ќе го носи дресот на грчкиот прволигаш Диомидис Аргус, со кој потпиша до крајот на оваа сезона.

Овој клуб се наоѓа на осмата позиција во првенството на Грција и тешко дека ќе може да обезбеди место во плеј-офот.