Куманово го задржува Хрватот – Лука Матачиќ останува и наредната сезона

Тимот на Куманово кој преку плеј-аутот успеа да го обезбеди опстанокот во Супер лигата, го склопува играчкиот мозаик за наредната сезона.

Прв потпис на новиот договор стави средниот бек Лука Матачиќ, кој се обврза на соработка и за следната сезона.

Хрватот дојде во Куманово на почетокот на пролетниот дел од сезоната и имаше важна улога во изборувањето на опстанокот.

Куманово ќе влезе со големи амбиции во наредната сезона, но допрва ќе бидат промовирани новите ракометари.