Поранешниот шампион на Македонија, Куманово, ќе има нов предводник во пролетниот дел од сезоната во Супер женската лига.
На местото на доскорешниот стратег Славиша Димитријески, доаѓа познато име од кумановскиот ракомет – Александар Бојковски.
Tој седеше на клупата на Куманово до сезоната 2020/21, кога овој тим ја освои последната шампионска титула.
Станува збор за млад стратег, кој има и меѓународно искуство, а сега ќе се обиде да му помогне на Куманово да обезбеди место во Европа за наредната сезона.
Куманово во моментов е на петтото место со девет бода.
























