Kуманово го комплетира стручниот штаб – Јовановски асистент на Станковски

Освен на играчки план, тимот на Куманово се комплетира и засилува во тренерскиот дел и стручниот кадар кој ќе работи со ракометарите од првиот тим и младинските категории.

Во стручниот штаб на Куманово, асистент на новиот тренер Аце Станковски ќе биде кумановската легенда Миодраг Јовановски – Црни кој со своето искуство и знаење сигурно како и досега ќе допринесе во работата на тренинзите со првиот тим.

Добрата работа во младинските категории им донесе нови договори и на младите, надежни и амбициозни тренери Давид Стојковски и Христијан Димковски.

Стојковски и Димковски имаа одлични резултати заедно со Станковски минатата сезона во младинските категории на Куманово.