Куманово го ангажираше Стојков

По левиот бек Виктор Трифуноски, тимот на Куманово го ангажираше и десното крило Александар Стојков.

25-годишниот Стојков доаѓа од екипата на Струга, а договорот со Куманово е на една година со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

Стојков покрај за Струга, претходно играше за Голден Арт, како и за двете екипи од Автокоманда.

Кумановци претходно го промовираа новиот стратег Аце Станковски, а договорот го продолжи Христијан Крстаноски.