Суперлигашот Куманово го промовираше четвртото странско засилување за вториот дел од натпреварувачката сезона 2024/25.
Нов ракометар во тимот предводен од Љубиша Димковски е Хрватот Лука Матачиќ, кој во својата кариера има интернационално искуство.
Младиот ракометар, кој е роден 2002 година, настапува на позицијата среден бек и се очекува да биде квалитетно засилување за кумановци.
Матачиќ во Хрватска беше дел од Ѓаково и Рудар Лабин, додека во странство настапуваше во Словачка, поточно во тимот на МХАК Мартин.
Претходно Куманово се засили со тројца ракометари од Бразил – десниот бек Гиљерме Да Силва Фернандес, левиот бек Џанкарло Фепипе Хен и кружниот напаѓач Жоао Виктор Соарес Флорес.
Куманово по завршувањето на регуларниот дел од Супер лигата ќе игра во плеј-аут фазата.