Куманово донесе ол-раунд бек од Португалија

Тимот на Куманово го промовираше првото засилување пред стартот на новата сезона во Женската лига во која ќе влезе со големи амбиции.

Станува збор за португалската интернационалка Маријана Да Силва Азеведо, која има 26 години и игра на сите бековски позиции.

Азеведо потекнува од составот на Маиа, потоа беше дел од Алавариум, па три сезони играше за Мадеира до 2022.

Потоа доаѓа во Грција и по една сезона настапуваше за составите на Пилаја, ПАОК Солун и АЕК Атина.

Куманово остана без голманката Марија Јовановска, па ќе мора да донесе квалитетно засилување и на таа позиција.