Куманово донесе кружен напаѓач – потпиша Марија Петреска

Тимот на Куманово го донесе третото засилување пред стартот на новата сезона во Женската лига.

Станува збор за кружниот напаѓач Марија Петреска, која доаѓа од тимот на Металург Автокоманда, а потекнува од Стружанка.

Претходно Куманово ги врати во своите редови левото крило Мила Трајковиќ и средниот бек Александра Боризовска.

Од Куманово заминаа Симона Грујовска, Адела Еленин, Сара Богојеска, Јана Ѓошевска и Габриела Величковска.

Најавени се уште неколку засилувања, па Куманово одново би можел да биде конкурентен за високите позиции.