Ракометарите на Куманово прославија триумф над Еурофарм Пелистер 2 со 31-29 и чекорат кон опстанок во суперлигашкото друштво.
За тимот предводен од Саша Радосављевиќ дебитираа засилувањата од Египет, Радван и Закарија, кои заедно со Ончев и Димевски, беа меѓу творците на победата на домашните.
Сега Куманово има 11 бодови на чевртото место, далеку зад третопласираниот Пролет со 21, а четири бода пред Струга, која е на петтата позиција со седум освоени бодови.
Домашните уште од стартот си го „фатија редот“, ја градеа предност, која на паузата беше пет погодоци, 20-15. Во вториот дел битолчани се доближија на минус еден, 23-22, и натаму се бореа и не се откажуваа до крајот.
По 30-26, домаќините се опуштија, Еурофарм Пелистер 2 даде три гола во серија за 30-29, но немаше време за нешто повеќе, а Куманово го искористи последниот напад и нивното славје можеше да почне.

























