Куманово без шанси во Автокоманда

Куманово останува во опасната зона на табелата, на претпоследното место откако прими 42 гола на гостувањето во Автокоманда, каде загубаја, по 14. пат сезонава во првенството. Домашните триумфираа со 42-25.

Неизвесно беше само со кој резултат ќе победат домашните ракометари. Го имаа расположениот Иван Галевски кој имаше 15 успешниодбрани. На другата страна, трите голмани на Куманово одбранија вкупно 7 топки упатени кон голот.

„Сините“ од Автокоманда сега се на третото место на табелата, со 27 бода, веднаш зад Еурофарм Пелистер, а Куманово е на 11. место со само 5 бода.

Кај домаќините по 6 гола дадоа Мартин Серафимов и Александар Петковски , и Урош Борзаш. Кај гостите Александар Стојков имаше 5 гола.