Екипата на Куманово на гостувањето ви Битола кај Пелистер забележа убедлива победа од 32:19 (17:8).
Поранешниот шампион на Македонија на овој натпревар беше предводен од голманката Марија Јовановска, која имаше дури 18 интервенции.
Најефикасна во победничката екипа беше Нена Несторовска со десет погодоци, три помалку имаше Сузана Зечевиќ, а шест запиша Мила Трајковиќ.
Во поразениот табор прво име беше Моника Босилковска, постигна седум погодоци, втора на листата на стрелци беше Наталија Дишковска со три реализации.
Ракометарките на Спартак ја запишаа втората победа во новата сезона од Женската лига, и втората против истиот ривал – Шампион.
Спартак славеше кај Шампион со убедливи 31-14. Во првиот дел имаше некаква неизвесност и рамнотежа на теренот, кога Шампион имаше негатива од еден ол.
Но на пауза Спартак замина со плус три, 13-10, а потоа во второто полувреме избраничките на Велимир Мицевски комплетно го надиграа ривалот.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Зорица Андовска со девет и Ангела Гроздановска со осум погодоци, додека кај Шампион се истакна Мила Филипова со седум гола.