Куманово беше на прагот на сензација во Автокоманда, убедлив триумф на Деспина

Во претпоследното 9. коло од регуларниот дел во Женската лига се судрија Металург Автокоманда и Куманово, а неизвесниот дуел заврши без победник, 22:22.

Куманово покажа дека и со мал ростер може да биде опасен ривал, посебно за посилните тимови кои што атакуваат на висок пласман во новата натпреварувачка сезона.

Избраничките на Славиша Димитријески на пауза имаа минимална предност од 11:10, додека во вториот дел водеа со три до четири гола разлика, но не успеаја да ја задржат стекнатата предност до финишот.

Куманово во последните десет минути влезе со плус три, 21:18, домаќинките врзаа три гола во низа, израмнија на 21:21, следуваше период, во кој двете екипи направија по неколку грешки, во 58 минута Трајковиќ беше успешна за 22:21, a минута подоцна нејзината колешка Цветановска не погоди од пенал за плус два.

Домашниот тим на дваесетина секунди пред крајот преку Јанкуловска дојде до 22:22. За Куманово немаше многу време да се дојде до реализација, па така двете екипи освоија по бод од дербито.

Во гостинскиот табор најефикасно со по шест гола постигнаа Нена Нестороска и Марија Петреска, четири додаде Мила Трајковиќ, три запиша Сара Цветановска.

Кај домашниот тим се истакна Марија Гугуљанова со седум, а ја следеше Марија Јанкуловска со гол помалку, односно шест.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871015
2КУМАНОВО861113
3ПЕЛИСТЕР 201284048
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82064
5ГЕВГЕЛИЈА80080

Деспина на свој терен немаше многу проблеми против Шампион, триумфираше со 37:19. Уште при водство од 20:8 на пауза, беше јасно дека избраничките на Адријано Котевски ќе ги освојат двата бода.

Во победничката екипа најефикасна беше Евгенија Илиева со седум погодоци, по пет постигнаа Евгенија Цаневска и Мери Спиркоска. Во поразениот табор се истакнаа Ангела Петровска и Фросина Кондосоров со по четири гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ770014
2ВАРДАР750210
3ДЕСПИНА84048
4СПАРТАК72054
5ШАМПИОН70070