Тимот на Куманово во пролетниот дел од сезоната ќе се обиде низ плеј-аутот да го сочува суперлигашкиот статус, а за тоа веќе го ангажираше и второто засилување.
Станува збор за српскиот интернационалец Михајло Стевовиќ (24/185/90), кој доаѓа од босанскиот тим Коњух Живинице. Стевовиќ ги покрива левата и средна бековска позиција и треба да биде еден од адутите на стручниот штаб на Куманово напролет.
По настапот во Босна и Херцеговина, настапите во Македонија ќе биде втор интернационален предизвик за младиот Србин.
Во својата татковината настапуваше за Јагодина, Железничар Ниш, како и за Рудар Костолац во елитната конкуренција.
Куманово вечерва го игра последниот натпревар од регуларниот дел во Супер лигата, а во плеј-аутот ќе пренесе еден бод. Овој тим минатата недела доби ново раководство, кое веднаш се фати за работа и во своите редови го врати Вучко Мрвовиќ.