По десниот бек Габриел Гуедеш Черубим, уште еден ракометар е на добар пат да го засили суперлигашот Куманово.
Според информациите на 24Ракомет, станува збор за кубанскито репрезентативен чувар на мрежата, Адан Мартинез.
Мартинез минатите две сезони беше дел од хрватскиот тим Чаковец и добро ги познавва условите на Балканот, па нема да му биде проблем адаптацијата во Македонија.
Кубанскиот голман има 27 години (196/96), потекнува од Хавана, потоа се пресели во Португалија, каде што бранеше за вториот тим на Спортинг Лисабон. Во Португалија беше дел и од тимовите на Боа Хора и Спортинг Хорта, а во 2023 година се пресели во Чаковец.
Беше дел од националниот тим на Куба на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка минатата година.
Куманово во ростерот ги има Григор Трајковски и Христијан Михајловски, но очигледно стручниот штаб посакува трето решение во наредните суперлигашки битки.

























