Тимот на Нес Зиона, каде што игра македонскиот интернационалец Горан Крстевски, забележа победа во 17 коло од израелскиот шампионат.
Нес Зиона славеше на домашен терен против Хапоел Бер Шева со 35-32, откако и на полувремето имаше плус пет, 18-13.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Крстевски со осум погодоци, а подели и четири асистенции до соиграчите.
Нес Зиона сега има 13 бода на 9 место на табелата, а на три кола до крајот недостижно е шестото место каде што е Макаби Тел Авив со 19 бода, но и меч помалку од тимот на Крстевски, кој ќе разигрува за опстанок.
























