Амбициозниот Охрид по убедливиот триумф во Радовиш, се врти кон дербито на второто коло од Супер лигата.
Покрај езерото ќе гостува екипата на Бутел Скопје, која исто така имаше убедливо издание против Куманово во првата рунда.
Средниот бек на Охрид, Горан Крстевски, е внимателен пред гостувањето на бутелци в сабота.
„Во сабота го играме првиот натпревар на домашен терен оваа сезона. На гости ни доаѓа екипата на Бутел, која воопшто не е за потценување. Tреба максимално да влеземе во натпреварот и да стигнеме до нови бодови“, вели Крстевски.
Дерби натпреварот меѓу Охрид и Бутел Скопје се игра в сабота со почеток во 20:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.