Крсманчиќ: Од Кавадарци да донесеме важни бодови

Ракометарите на Охрид пред дербито со Еурофарм Пелистер ќе имаат гостување на незгоден терен во Кавадарци кај Тиквеш.

Средниот бек Младен Крсманчиќ очекува дека тој и неговите соиграчи ќе ги исполнат сите договорени задачи и ќе се вратат со бодови во Охрид.

„Екипата на Тиквеш е секогаш цврста и не е лесно да се игра пред нивните навивачи. Влегуваме во натпреварот максимално мотивирани и концентрирани на договорените задачи. Се надеваме дека на мечот сите ќе отпатуваме здрави и дома ќе донесеме бодови кои ни се многу важни за остварување на целите“, изјави Крсманчиќ.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Охрид се игра утревечер во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 19:00 часот.