Кристијанштад во победничка форма го пречекува Вардар

Екипата на Кристијанштад се пласираше на Ф4 турнирот во Купот на Шведска, откако триумфираше на гостувањето во Стокхолм кај Хамарби, 36-35. Кристијанштад влегува во добра серија и во вторник ќе го пречека Вардар во меч од 3. коло од групната фаза од Лига Европа.

Швеѓаните имаат серија од три победи по ред, и пет меча во кои освојуваат бодови, откако последен пат загубија од Савехов на 11 октомври.

Во реваншот од четвртфиналниот дуел од Купот на Шведска, Кристијанштад двапати го победи Хамарби. На Ф4 турнирот што е закажан за Халмштад на 28 и 29 март 2026 година ќе играат и Карлскрона (го елиминира Савехоф), Амо (го елиминираше Тиресо) и победникот од во мечот меѓу Истад и Шевде.

Кристијанштад имаше неколкупати водство од три гола во првиот дел, исто како и Хамарби, а потоа „жолтите“ и во второто полувреме направија водство, овојпат од пет гола гола. Во самата завршница домашните израмнија на 32-32, а потоа и на 34-34. Но, тоа не беше доволно за изненандување, бидејќи на крај Кристијанштад водеше со 36-34, иако во последнат минута Хамарби намали на 36-35.