Кристијан Дисингер има трет клуб во Унгарија

Германскиот лев бек Кристијан Дисингер, кој стана европски шампион со Вардар во 2019 година, најде клуб каде што ќе игра оваа сезона и се врати во Унгарија.

Некогашниот член на Вардар потпиша за амбициозниот унгарски проект Ѓер, каде што играат Дејан Бомбач, Лука Степанчиќ, Урош Виловски, Томислав Кушан…

Овој 33-годишен лев бек во последниве години играше за низа клубови низ Европа и светот. По заминувањето од Кил, настапуваше за Вардар, Динамо Букурешт, катарскиот Ал Духаил, унгарскиот ПЛЕР Будимпешта и потоа Татабања.

Македонскиот зет со Вардар покрај титулата во Лигата на шампионите, oсвои и две шампионски титули во домашното првенство, еден трофеј во Купот на Македонија, како и една титула во регионалната СЕХА лига.