Десниот бек Кристијан Давитковски се наоѓа пред камбек во составот на Пролет пред стартот на новата сезона.
Тој комплетираше три сезони во редовите на Бутел Скопје и сега би требало да се врати таму од каде што дојде.
Давитковски е поранешен репрезентативец во младинските селекции на Македонија, а има искуство од многу клубови.
Покрај Бутел Скопје и Пролет, Давитковски има настапувано за Металург, Вардар, Борец и Пелистер.