Крим како некогаш Кометал ЃП: Има над 200 победи по ред

Екипата на Крим Меркатор, слично како некогашниот македонски шампион Кометал ЃП, доминира на домашната сцена и нема конкуренција во Словенија.

Ракометарките на Крим немаат пораз на домашен терен од 7 мај, 2016 година. На вчерашниот натпревар во рамки на првото коло од плеј-оф фазата во словенечкиот шампионат, ривал им беше Ајдовшчина,

Крим немаше никакви проблеми и успеа да дојде до убедлив триумф од 40:26. Победата против Ајдовшчина за Крим беше 221-ва победа по ред. Ваква доминација ретко може да се најде во спортот.

Крим ја освојуваше Лигата на шампионите во 2001 и 2003 година. Оваа екипа, која своевремено беше голем ривал на Кометал ЃП во Лигата на шампионите, во својата историја има 29 титули од првенството и 28 од Купот на Словенија.

Моментално, во словенечкиот шампионат настапуваат две поранешни ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Итана Грбиќ