Ланскиот освојувач на ЕХФ Купот, екипата на Војводина, за останатиот дел од натпреварувачката сезона ќе биде посилна со Стефан Додиќ, пренесува „Балкан Хендбол“.
Младиот српски репрезентативец, кој на Европското младинско првенство 2022 беше прогласен за најкорисен играч, односно за МВП, има договор со полскиот шампион Келце до 2026 година.
Србинот пред почетокот на оваа сезона од Загреб направи трансфер во Целје, но во словенечкиот првак за три месеци очигледно не се најде на иста бранова должина со стручниот штаб предводен од Алем Тоскиќ.
Додиќ ќе биде од голема помош за тимот на Војводина, бидејќи има искуство од играње во Лигата на шампионите со Металург, Вардар и Загреб, а во меѓувреме настапуваше и за тимот на Охрид.
Војводина во новата сезона е дел од второто по ранг европско клупско натпреварување – Лига на Европа. Клубот од Нови Сад за ривали во рамки од групниот сегмент ги има екипите на Ла Риоха, Силкеборг и Алкалоид.
Ракометарите на Војводина во првото коло триумфираа над македонскиот вицепрвак и со победа ја започнаа новата сезона на европска сцена.