Кратко траеше авантурата во женскиот ракомет на екс тренерот на Вардар!

Некогашниот тренер на Вардар, Гиљермо Милано, не е повеќе селектор на женската сениорска репрезентација на Чиле.

Аргентинскиот стратег откако долго време беше селектор на машката селекција на „гаучосите“, поради лични причини заминува од кормилото на Чиле.

Милано требаше да ги води дамите на претстојното првенство на Средна и Јужна Америка, но тоа нема да се случи.

Аргентинецот со Вардар минатата сезона го освои трофејот во Купот на Македонија, беше на чекор до титулата во Супер лигата, но загуби во решавачкиот натпревар дома од Еурофарм Пелистер и доби отказ од „црвено-црниот“ тим.

Откако си замина од Скопје беше тренер и на американскиот тим Калифорнија Иглс.