Крај на една ера: Педро Портела се збогува со Спортинг по 13 сезони!

Португалскиот гигант Спортинг Лисабон официјално ја објави разделбата со еден од своите највлијателни ракометари во последните две децении – Педро Портела. Искусното десно крило заминува по вкупно 13 сезони поминати во дресот на „лавовите“, со што завршува една златна етапа во клупската историја.

35-годишниот Портела првпат го облече зелено-белиот дрес во 2007 година и остана дел од клубот до 2018 година. Потоа замина во Франција каде настапуваше за Tрембле и Нант, пред повторно да се врати „дома“ во 2023 година и да ја заокружи кариерата во клубот каде што израсна како ракометар.

Неговото влијание во тимот е огромно – освои дури 14 трофеи со Спортинг, вклучувајќи четири шампионски титули, пет Купови на Португалија, три Супер Купа и две титули во Челинџ Купот. Во текот на својот престој, тој постигна вкупно 1945 голови, оставајќи длабока трага во клупските анали.

Според пишувањата на португалските медиуми, Портела би можел да ја продолжи кариерата во бундеслигашот Вецлар.