Еден од најдолговечните селектори во Европа, Херберт Милер, ја прекина соработката со Ракометната федерација на Австрија.
Милер е творец на големите успеси на женскиот национален тим на Австрија, но по 20 години заедно, двете страни решија да се разделат.
На 26 мај 2004 година, Милер за првпат ја водеше Австрија на пријателски натпревар против Словенија, а потоа ја однесе на осум големи натпреварувања – ЕП и СП.
Меѓу најголемите победи на Австрија под водство на Милер се оние над тогашниот светски првак Франција на ЕП 2004 година, како и над олимпискиот првак Данска на СП 2005 година и онаа над Русија во квалификациите за ЕП 2018 година.
Раководството на австриската федерација веќе е во потрага за заменикот на Милер, кој ќе ја води Австрија на домашното Европско првенство, на кое се домаќини заедно со Унгарија и Швајцарија.