Следната сезона ќе биде последна сезона во дресот на Келце за браќата Алекс и Даниел Душебаеви.
Нивните договори кои траат до 2026 година, нема да бидат продолжение, потврди Талант Душебаев за „ТВП Спорт“.
Алекс дојде од Вардар во Келце во 2017 година, додека Даниел се пресели во полскиот тим од Целје една сезона подоцна.
Со нивното заминување ќе заврши една ера, а следното лето од Келце ќе си замине и Хорхе Македа, а полскиот клуб веќе има замени за Шпанците.
На десната бековска позиција Талант Душебаев ги носи Жулиен Бос од Нант и Лука Ловре Кларица од Загреб.