Најдобрата словенечка ракометарка Ана Грос, по 25 години активна играчка кариера, на крајот на оваа сезона ќе замине во пензија.
Членката на Брест Бретањ во емотивно видео објави дека оваа сезона и последна во кариерата и во јуни ќе се збогува од ракометот.
Поранешната словенечка репрезентативка потекнува од Олимпија, играше за Крим, Ѓер, Мец, ЦСКА Москва, Турингер, а во моментов го одработува вториот мандат во францускиот Брест Бретањ.
За националниот тим на Словенија настапи 159 пати и постигна 767 погодоци, а низ кариерата освои многу трофеи во првенствата со клубовите каде што играше, но има и титула во Лигата на шампионите со Ѓер.


























