Котевска и Кралева го водеа Металург Автокоманда до три бода во Штип

Ракометарките на Металург Автокоманда ја продолжија победничката низа во Женската лига, откако славеа кај Астибо со 45-22.

Предводнички во триумфот беа Котевска и Кралева со по осум гола, седум даде Маринчов, а шест пати стрелаше Беровиќ.

Во составот на Астибо, стандардно најефикасна беше Марија Анчева, чии 16 погодоци не беа доволни за нешто повеќе на овој натпревар.

Победата на тимот од Автокоманда беше обезбедена уште по првото полувреме, кога гостинките водеа со 21-13.

Сега Металург Автокоманда има 58 бода на второто место на табелата, три помалку од лидерот Ѓорче Петров, кој има и натпревар помалку.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080