Ракометарите на Охрид го победија составот на Бисинов со 35-18 во натпреварот од шестото коло во Супер лигата.
„Гладијаторите“ сега имаат 12 бода на врвот на табелата, а најдобар стрелец на дуелот со велешани беше Наум Костов.
Тој е задоволен од прикажаното на овој натпревар.
„Добро го отворивме натпреварот со голема серија, направивме голема разлика и малку подзастанавме, но тоа е нормално. Добија шанса сите ракометари и се надевам дека нашиот тренер е задоволен од тоа што го покажавме и сега ќе се подготвуваме за шампионот Еурофарм Пелистер. Јас сум задоволен од тоа што го покажав лично, иако секогаш може подобро и мораме да ги согледаме грешките за да ги поправиме на следниот меч. Се гледаше дека ривалот беше уморен од дуплото коло што се играше неделава, и тие доста ротираа и сметам дека одиграа колку што можат“, изјави Костов.
Следен предизвик за Костов и Охрид ќе биде натпреварот со шампионот Еурофарм Пелистер во Битола.