Костов: Верувам дека ќе одиграме добар натпревар против Куманово

Ракометарите на Охрид по ремито кај Пролет на гостински терен, ќе го пречекаат составот Борец ФЛ на домашен терен.

Десното крило на „гладијаторите“, Наум Костов, очекува тој и неговите соиграчи да одиграат добар натпревар против ривалот кој е во добра форма.

„Верувам дека ќе одиграме добар натпревар против екипата на Куманово, која од меч во меч е се подобра. Напорно се подготвуваме за овој натпревар, како и за предизвиците што ни следуваат во остатокот од сезоната“, изјави Костов.

Натпреварот меѓу Охрид и Куманово се игра в сабота со почеток од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.