Македонија вечерва го игра вториот натпревар на Европското првенство, кој може да се покаже како решавачки во битката за главната рунда.
Ривал е Португалија, а еден од најискусните во македонскиот состав посакува денеска радост за нашите навивачи.
„Дуелот со Данска го оставаме зад нас и целосно сме насочени кон мечот со Португалија, најважен за нас на овој шампионат. Против Данците ни недостигаше течност во нападите, тоа е она што ќе мораме да го поправиме на дуелот со Португалија. Тие се исто така брзи, но не толку брзи како Данска, ние сме подготвени за она што не очекува и се надевам дека ќе им донесеме радост на македонските навивачи“, изјави Костески.
Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра вечерва од 18:00 часот во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.

























